СТАМБЕНО-ДЕЛОВНИОТ КОМПЛЕКС „КОСМОС“

Кога зад себе имате 200 000 метри квадратни квалететно изградени градежни капацитети, 15 особено успешни градежни проекти и кога сето тоа го постигнувате со 100 % сопствен капитал и семејство кое е секогаш вистинскиот темел на кој можете безрезервно да се потпрете, тогаш сте навистина среќен човек. Јас го тврдам тоа врз основа на сопственото искуство, стекнато во сите денови на падови и подеми, кои повеќе од се ве поттикнуваат да бидете исклучително посветен кон секој мал детал кој го создавате, потпишувајќи го со цврста рака и чиста совест.

Со почит,
Фијат Цаноски

СТАТУС НА ГРАДБА

оваа временска рамка го означува моменталниот ангажманна градба во врска со КОСМОС

ЛОКАЦИЈА

Стамбено-деловниот комплекс „Космос“ е лоциран на само три километри од Камениот мост, покрај самата река Вардар.
На само три минути пеш, се наоѓа Универзитетот ФОН и претставништво на Мерцедес Бенз. На југ, преку реката Вардар е хотелот Double Tree by Hilton и хотелот Русија и погледот на најубавиот дел од Општината Аеродром во чија позадина пејзажно доминира Водно. Комплексот е изграден на адресата „Перо Наков“ бр. 94, а до него преку реката Вардар , градот Скопје планира изградба на нов мост во непосредна близина и во најскора иднина.

ОПКРУЖУВАЊЕ

Во непосредна близина на комплексот „Космос“, е најурбаната општина во нашата држава, Општина Аеродром,комплексите на хотелите „Русија “ и „DoubleTree by Hilton“. Спроти комплексот преку Вардар е Спортскиот
центар „Јане Сандански“, а на неколку минути е студентскиот кампус на првиот и најуспешен приватен универзитет ФОН, што претставува извонредна можност за секој иден студент. На северната страна, кон населбата Автокоманда, се мегасторовите на „Neptun“, „Mr. Brikolage“ и „Тинекс“,а зад нив во далечината се простира извонреден поглед на планинскиот масив на Скопска Црна Гора. На само две минути со автомобил има неколку бензински пумпи , и за десетина минути веќе возите низ строгиот центар на град Скопје.

ВИДЕО ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ФИНЕ ви нуди висок квалитет и ниски цени

СООБРАЌАЈНИ УСЛОВИ

Комплексот „Космос“ е лоциран на само 20 минути возеење од Скопскиот Аеродром, на десет минути до зградата на Собранието на Република Северна Македонија и до него се пристига од повеќе сообраќајни правци. Преку мостот „Близнак“ и булеварот „Киро Глигоров “ низ кракот од улицата „Перо Наков“, се простираат јужнит и источниот дел од градот Скопје, преку сообраќајниот јазол на крстопатот помеѓу булеварите „Александар Велики “ и „Киро Глигоров“ , северниот и западниот, како и брзиот излез кон автопатот А4 „Гоце Делчев“. Преку новиот мост на реката Вардар кој е во фаза на подготовка на техничка документација за изградба, преку булеварот „Асном“, строгиот центар на градот Скопје ќе е достапен за помалку од пет минути, а Меѓународната железничка станица „Скопје“ е на само пет минути возење. Сообраќајниците се димензионирани со стандардни ширини, радиуси и нагибиза соодветниот тип на категоризација и по нив може да пристапат моторни возила, како и возила на интервентните единици без потреба да совладуваат никакви препреки и комуникациски бариери.

АРХИТЕКТОНСКА КОМПОЗИЦИЈА

Во целина, комплексот „Космос“ претставува современа и модерна архитектонска и дизајнерска композиција, интегрирана во најпосакуваниот лендскејп на градот Скопје. Комплексот директно влијае и на забрзување на урбанизацијата на непосредната околина. Архитектонската композиција опфаќа: Три нивоа на гаражен простор, Деловен простор на приземјето и мезанинот, Четиринаесет катови стамбен простор со 505 станови, со различни типови на стамбени единици во зависност од нивната големина, позиција и просторна ориентација, сите во склад со важечките стандарди и нормативи за функционално, современо и квалитетно домување. Секој стан поседува можност за дополнително внатрешно преуредување, адаптација и трансформација во согласност со потребите и желбите на корисниците. Партерот, односно приземна платформа за влез во објектот, хортикуларно обогатена со зелени површини, фонтана, базен и останати решенија за комфорно современо домување.

СТОЛАРИЈА И БРАВАРИЈА

Фасадната столарија на катовите на објектот е во PVC изведба, застаклена со двослојно термоизолационо стакло. На приземјето, столаријата е всушност целосно алуминиумска. Влезниот портал на секоја стамбена единица е со стандардни димензии за влезна врата која ги задоволува сите критериуми за безбедност, огноотпорност и звучна изолација. Внатрешните врати се изработени од комбинација на панел од иверка (како завршна обработка) и термичка изолација од внатрешната страна. Балконските и скаличните огради се предвидени како масивни парапети до одредена височина, над који се надоврзува транспарентно непробојно стакло, кое овозможува поголем квалитет на секој отворен простор во функционален и естетски поглед

ФУНКЦИОНАЛНА ПОСТАВЕНОСТ И СОДРЖИНИ

Комплекс „Космос“ претставува станбено деловен комплекс кој во својот состав содржи:
1. Партер – приземна платформа за влез во објектот и хортикуларно обогатена со зелени и водени површини.
2. Комплетната станбена зграда во својот состав има три ламели, односно, ламела 1, ламела 2 и ламела 3, при што,секоја ламела во својот вертинален пресек се состои од подрум (-3), приземје, мезанин, 14 ката, поткровје и видиковец.
Приказ на проектната содржина во стамбено-деловниот комплекс „Космос“:
1. Приземје и мезанин, влезен хол, ходници, складишен простор, лифтовски простор, деловни простории и локали 2. Катови на кои се лоцирани станови во чиј остав се предвидени: простор за дневен престој (дневна соба), простор за термичка и останата обработка на храна (кујна), простор за конзумирање на храна (трпезарија), гостинско WC, простор за лична хигиена (бања), простор за одмор (спална соба, детска соба) хоризонтални комуникации (влезен хол, ходник, дегажман) отворен простор (балкон/тераса/логија).
3. Скај бар и видиковец , односно ротационен ресторан со панорамски поглед на градот Скопје, обезбеден со посебен влез (наменски лифтови).
4. За полесен пристап до подрумскиот дел ,до деловните простории во приземјето и до мезанинот , становите на катовите се обезбедени современи хоризонтални и вертикални комуникации во вид на скали, лифтови, постојки и рампи. Сите наведении елементи се во согласност со нормативите за нивно проектирање, имплементирање и одржување. Квалитетот и сигурноста се водечки императиви во овој поглед.

ФАСАДНА ОБРАБОТКА

Во фасаден состав на стамбено деловниот комплекс „Космос“ се среќаваат следните фасадни обработки:
1. Во приземјето, алуминиумски носачи и двослојно термопан стакло
2. По катовите, демит фасада составена од блоксо дебелина од 20 сантиметри и термоизолација од 10 сантиметри, абрип малтер и декоративен панел како завршна обработка на надворешната страна.
3. По катовите и структурална фасада од алуминиумски носачи и двослојно термопан стакло со која се обезбедуваат оптимални вредности за квалитетно домување во сите четири годишни времиња.

Задоволни клиенти

ЗАКАЖЕТЕ СОСТАНОК