COSMOPOLITAN
ЛОКАЦИJА
Станбено-деловен објект „COSMOPOLITAN“ е првата зграда од комплексот FINE PREMIUM LIVING, оддалечен само три километри од Камениот мост, покрај самата река Вардар. На само три минути пеш, се наоѓа Американскиот универзитет на Европа - ФОН и претставништво на Mercedes Benz. На југ, преку реката Вардар е хотелот Double Tree by Hilton и хотелот Русија, со поглед на најубавиот дел од Општината Аеродром во чија позадина пејзажно доминира Водно. Комплексот е изграден на адресата „Перо Наков“ бр. 94, а до него преку реката Вардар, градот Скопје започна изградба на нов булевар и нов мост.
ОПКРУЖУВАЊЕ
Станбено деловниот објект „COSMOPOLITAN“, кој што веќе е во финална фаза на изведба, се наоѓа во близина на најурбаната општина, Општина Аеродром, во непосредна близина на Хотел Русија од спротивната страна на реката Вардар, позади Американски универзитет на Европа - ФОН. Пристапот до објектот, но и до целиот комплекс FINE PREMIUM LIVING, е реализиран со новиот булевар кој е во тек на изградба од страна на „Град Скопје“. Новиот булевар, поминува покрај комплексот на FINE HOLDING, продолжува кон новиот мост кој што веќе се гради и ќе ги спојува новиот булевар со Булеварот„ Асном“ кај Хотел Русија. Во тек е и проектната документација на сервисни улици кои ќе бидат од корист и за комплексот и за жителите во околината. На само две минути со автомобил има неколку бензински пумпи, и за десетина минути веќе возите низ строгиот центар на град Скопје.

СООБРАЌАJНИ УСЛОВИ
Објектот „COSMOPOLITAN“ е лоциран на само 20 минути возење од Скопскиот Аеродром, на десет минути до зградата на Собранието на Република Северна Македонија и до него се пристига од повеќе сообраќајни правци. Преку мостот „Близнак“ и булеварот „Киро Глигоров“ низ кракот од улицата „Перо Наков“, се простираат јужниот и источниот дел од градот Скопје, преку сообраќајниот јазол на крстопатот помеѓу булеварите „Александар Велики“ и „Киро Глигоров“, северниот и западниот, како и брзиот излез кон автопатот А4 „Гоце Делчев“. Преку новиот мост на реката Вардар кој е во фаза на подготовка на техничка документација за изградба, преку булеварот „Асном“, строгиот центар на градот Скопје ќе е достапен за помалку од пет минути, а Меѓународната железничка станица „Скопје“ е на само пет минути возење. Сообраќајниците се димензионирани со стандардни ширини, радиуси и нагиби за соодветниот тип на категоризација и по нив може да пристапат моторни возила, како и возила на интервентните единици без потреба да совладуваат никакви препреки и комуникациски бариери.
АРХИТЕКТОНСКА КОМПОЗИЦИJА
Во целина, објектот „COSMOPOLITAN“ претставува современа и модерна архитектонска и дизајнерска композиција, интегрирана во најпосакуваниот лендскејп на градот Скопје. Комплексот директно влијае и на забрзување на урбанизацијата на непосредната околина. Архитектонската композиција опфаќа: три нивоа на гаражен простор, деловен простор на приземјето и мезанинот, четиринаесет катови стамбен простор со 505 станови, со различни типови на станбени единици во зависност од нивната големина, позиција и просторна ориентација, сите во склад со важечките стандарди и нормативи за функционално, современо и квалитетно домување. Секој стан поседува можност за дополнително внатрешно преуредување, адаптација и трансформација во согласност со потребите и желбите на корисниците. Партерот, односно приземна платформа за влез во објектот, хортикуларно обогатена со зелени површини, фонтана, базен и останати решенија за комфорно современо домување.
КОНСТРУКЦИJА
Станбено-деловниот објект „COSMOPOLITAN“ во конструктивен поглед претставува скелетно, армирачко-бетонски систем, односно, комбинација од столбови и платна, дефинирани во подолжен попречен правец, обезбедувајќи ја потребната крутост, цврстина и еластичност на системот. Кровот како завршен дел на објектот,истовремено е еден од најдоминантните елементи на архитектонското обликување на „COSMOPOLITAN“. Предвидено е да биде завршен со видиковец, со што архитектонски се добива една убава, елегантна кровна конструкција, со ускладена дизајнерска игра помегу трите ламели, а со ова решение се ублажува доминантноста на стерилната мансардна форма која вледее во околните објекти во градот. За квалитетот на вградените материјали, гарантираат инвеститорот, изведувачот и подизведувачот со опремата инкорпорирана во комплексот.
