Стан 168 - кат 14 - ламела 3
Дознајте повеќе
Надвор од градскиот метеж, а сепак до центарот на Скопје, комплексот претставува урбано катче со целосна инфраструктура, модерно место кое ќе располага со супермаркети, градинки, продавници, простор за рекреација и уживање. Објектот располага со три нивоа на гаражен простор, деловен простор на приземјето и мезанинот, четиринаесет катови стамбен простор со 505 станови, со различни типови и големина на станови, позиција и просторна ориентација - сите во склад со важечките стандарди и нормативи за функционално, современо и квалитетно домување.
Секој стан поседува можност за дополнително внатрешно преуредување, адаптација и трансформација во согласност со потребите и желбите на корисниците. Партерот, односно приземна платформа за влез во објектот, хортикуларно обогатена со зелени површини, фонтана, базен и останати решенија за комфорно современо домување.
Лоциран е на само 20 минути возење од Скопскиот Аеродром. Преку новиот мост на реката Вардар кој е во изградба или преку булеварот „Асном“, строгиот центар на градот Скопје ќе е достапен за помалку од 5 минути, а меѓународната железничка станица „Скопје“ е на само 5 минути возење. На само 3 минути пеш се наоѓа Американскиот универзитет на Европа - ФОН и претставништвото на Mercedes Benz. На југ, преку реката Вардар е хотелот Double Tree by Hilton и хотелот Русија, со поглед на најубавиот дел од Општината Аеродром во чија позадина пејзажно доминира Водно.