Локација

Ул.Киро Глигоров бб, Гази Баба, Скопје

Контакт

Facebook Instagram

FINE HOLDING

FINE HOLDING

FINE HOLDING е наследник на ФИНЕ ДОО и неколку други компании кои позади себе имаат повеќе годишно претприемничко искуство.
Позади себе, ФИНЕ има семејна традиција од областа на градежништвото и претприемништвото кое датира повеќе од 60 години во македонскиот, европскиот и интернационалниот пазар. 
FINE ДОО како компанија се појавува на Македонскиот пазар во 2003 година каде претежно се занимава со проектирање и изградба, продавање на станбени и изнајмување на деловни објекти, изградба и менаџирање на приватни студентски домови, угостителство, домашна и меѓународна трговија, земјоделство, енергија, видео продукција и др. 
Покрај овие активности, FINE го услужува и сервисира Американскиот универзитет на Европа-ФОН, првиот приватен универзитет во Република Северна Македонија со ултра модерен студентски кампус од преку 30.000 м2, кој е исто така во сопственост на оваа групација.  
Со текот на годините, компанијата FINE полека го прошируваше своето портфолио на активности и услуги во различни области и дејности, со што на крајот од 2021 година прераснува во холдинг.
Фокусот на FINE HOLDING е постојан раст и проширување на можностите за дополнителен развој во Република Северна Македонија, како и можностите кои ги нуди регионалниот, европскиот и интернационалниот пазар. ФИНЕ ХОЛДИНГ не соработува со земји и компании кои имаат ембарго од Обединетите Нации, САД и Европската Унија. 
ФИНЕ ХОЛДИНГ бил и ќе остане доверлив партнер за соработка.

За финансиски олеснувања и повеќе детали кои се однесуваат на станбено-деловниот комплекс ‘‘COSMOPOLITAN‘‘, почитувани можете да се обратите на следниот контакт:
📞 +389 72 910 001 / +389 71 396 130